АВТОМОБИЛИ

Ауди Е-Трон ќе биде вистинска револуција во автомобилската индустрија

ECA

Првите луѓе на германскиот автомобилски гигант Ауди цврсто веруваат дека новиот електричен SUV ќе има блескава иднина.

Како што тврдат тие, новиот Е-Трон започне сериски да се произведува оваа година во фрабриката во Брисел, Белгија. Бриселскиот погон бил обележан како фабрика без емисии на јаглеород-диоксид, па од Ауди велат дека сето тоа ќе го заокружи процесот на производство на „целосно еколошко возило“.

Од Ауди и натаму се внимателни со прогнозите за продажба во Европа, но тврдат дека го тестирале пазарот во две земји од Стариот континент и според резултатите, утврдиле дека за Е-Трон се заинтересирани десетици илјади потенцијални купувачи.

Германскиот производител има амбициозен план за својата електрична гама. До 2021-ва година на пазарот ќе пласира уште два електрични автомобили, додека до 2025-та година на пазарот ќе пристигнат уште дури 20 електрични автомобили, од кои половина од нив ќе бидат целосно електрични.

Шефот на Ауди, Руперт Штадлер изјави пред британските новинари дека Е-Трон на Ауди ќе му го донесе истото што му го донесе и “Quattro” во 80-тите години од минатиот век – вистинска револуција.

Првите луѓе на Ауди ги отфрлија тврдењата на новинарите дека Е-Трон всушност е електричен “Q6”. „Иако постои одредена сличност, “Q6” е целосно посебен прокет“. Од Ауди тврдат дека SUV каросеријата е избрана поради моменталната популарност на овој сегмент, па таквиот потег бил рационален.

Германците потврдија и дека името Е-Трон ќе остане во употреба откако моделот ќе замине во пензија, затоа што имаат намера, како некогаш со “Quattro”, тој назив да го користат како суфикс кај автомобилите кои што на било кој начин ќе користат електромотор.

Loading...

Related posts