vesti24.mk
СВЕТ

Австралија прва, Америка последна ќе ја дочека новата 2018 година

ECA

Новата 2018 година и официјално почна, градот познат по најспектакуларните огномети, со кои се осветлува небото на Операта на Сиднеј, привлече  илјадници туристите од целиот свет, а тие сите заедно ја поздравија новата година. Oткако полноќ помина во Самоа, Тонга и на Божикниот Остров/Кирибати.

Со огномети, концерти, новогодишни забави, И ТУКА граѓаните ја поздравија новата година.  Нов Зеланд влезе во 2018 година еден час по Самоа, А Огнометот го осветли небото над градот Окленд и во Велингтон.

Германската канцеларка пак и се обрати на нацијата – потребна е солидарност и взаемно почитување во политичките спорови порача Меркел.

„Светот нема да не чека. Сега треба да ги создадеме условите кои ќе гарантираат дека Германија ќе продолжи да просперира следните 10-15 години. А Германија ќе просперира само ако успехот се однесува на сите луѓе и им го подобрува животот на сите.“ – изјави Меркел.

Брисел реши  да воведе промена за дочекот на Нова година, така што овојпат прославата нема да биде во центарот на градот, како последните години, туку околу саемот, соопштија локални медиуми.

Властите ги повикаа граѓаните да не користат автомобили, туку метрото, кое стигнува точно до местото на прославата. Посетителите ќе можат да користат три влеза, а се повикани да не носат големи торби, ниту пиротехнички средства.

По низаата терористички напади во Франција, властите мобилизира вкупно 139.400 припадници на безбедносните сили, претежно во Париз. За новогодишната ноќ ќе бидат мобилизирани 56.000 полицајци, 36.000 припадници на жандармеријата, 7.000 војници и повеќе од 39.000 припадници на безбедносните сили.

Loading...

Related posts