vesti24.mk
ЉУБОВ И СЕКС

Австриска лекарка тужи Македонец за кражба, но откако ја изневерил

ECA

Австриска лекарка (54) која е мажена, но разделена со сопругот, се заљубила во млад Македонец (25). Го примила во нејзината куќа во Корнојбург, каде што тој се грижел за нејзината градина, кучињата и либидото.

Можеби лекарката би му простила за исчезнувањето пари од паричникот, но кога го зел клучот од нејзината викендичка за во неа да ужива со 18-годишна келнерка, таа поднела кривична пријава против него за провала и кражба.

За инцидентот дознала откако нејзиниот сосед забележал светла во викендицата и повикал полиција.

Лекарката на суд негирала дека имала интимни односи со Македонецот, но тој тврдел дека таа од него барала сексуални услуги.

Судот поверувал на момчето, констатирајќи дека живееле во љубовна врска, а со самото тоа немало основа за кривично гонење, по што Македонецот бил ослободен.

Loading...

Related posts