vesti24.mk
ЖИВОТ

Бахраин е ново Дубаи: Оваа Македонка работи во една од најбогатите земји во светот!

ECA

Кралството Бахраин е архипелаг кој се состои од 33 острови во Персискиот залив. Тоа е мала држава управувана од кралското семејство Ал Халифа. Се одликува со комбинација од традиционални арапски обичаи и современа архитектура. Главниот град на Бахраин, Манама, нуди модерни ресторани, разновиден ноќен живот и грст можности за луксузен шопинг.

За разлика од другите арапски земји, како Катар и Дубаи, во Бахраин има многу малку Македонци. Најверојатно поради тоа што агенциите во нашата земја сè уште не ја нудат во своите понуди ЗаБахреинимав читано на интернет уште многу одамна и ми дојде идеја да си испробам среќата во оваа многу развиена земја со ниска стапка на невработеност. Вака некако тече приказната на младата Магдалена Чурева(27),која веќе неколку месеци работи во една од најбогатите земји во светот, Бахраин.

-Во Бахраин работам како пи-ар во најдобриот италијански ресторан во последниве осум години. Ресторанот нуди високо ниво на угостителски услуги, а работам од шест до седум часа дневно. За разлика од кај нас, платата тука е многу поголема, па доколку дојдете, најниската плата би ви изнесувала 700 евра, но и многу повеќе од тоа. Има многу убави места каде што квалитетно може да го поминете вашето слободно време. Манама има прекрасни диви плажи, може да нуркате, да уживате во едрење, јавање камили или голф, објаснува Магдалена.

На панорамата од градот доминираат кулите близначки на бахреинскиот Светски Трговски Центар, високи 240 метри, воедно и први облакодери со вградени турбини кои користејќи ја силата на ветрот произведуваат електрична енергија. Довршени се во 2008 година, а трошоците за изградба изнесувале 150 милиони долари. Инаку, Бахреинците многу малку знаат за нашата земја, единствено нешто што знаат е Александар Македонски.

– Па, искрено, за Македонија не знаат многу. Но, знаат и слушнале за Александар Македонски. Инаку, како народ Бахреинците се многу модерни. Сигурно сега мислите дека ова е муслиманска земја и луѓето не излегуваат од дома. Напротив, многу се опуштени, сакаат да се забавуваат, не се многу по религијата и слично – вели Магдалена.

Младата Македонка, освен од убавините на оваа земја, вели дека е воодушевена и од цените на храната, гардеробата, технологијата и слично, единствено нешто што е поскапо од кај нас е ноќниот живот. Меѓутоа, во оваа земја ноќната забава е на многу високо ниво, а доказ за тоа е големиот број светски ѕвезди што доаѓаат да гостуваат во тамошните дискотеки. За враќање во Македонија не размислува, но и ако се реши да дојде тука, тоа ќе биде само на неколку дена.

извор:вработување.ком.мк

Loading...

Related posts