Балканскиот фудбалер го освои убавата Швеѓанка – постара е 11 години, а изгледа бомбастично

Златан Ибрахимовиќ оствари блескава фудбалска кариера. Гол по гол, успех зад успех. Негова најголема поддршка е неговата невенчана сопруга Хелена Сегер.

Таа од него е постара 11 години, а по потекло е од Шведска. Годините никогаш не биле пречка во нивната љубов.

Тие двајца имаат стабилна врска, а Хелена спаѓа во групата нетипична сопруга на фудбалер. Не се експонира во јавноста и  не прави од титулата „жена на фудбалер“ професија за себе.

Таа е дипломиран економист и работи како маркетинг менаџер. Тие двајца имаат два сина Максимилијан и Винсет.

Познатиот фудбалер на терените е див и моќен, а приватно целосно ѝ се препушта на Хелена. И како вистински маж гордо истакнува дека во домот понекогаш и готви и помага околу домашните обврски. Не бега од ниту една обврска.

Во август минатата година Златан Ибрахимовиќ беше на летување во Сен Тропе со своето семејство, а со себе го зема и менаџерот Раиола, со кој е неразделен.

Сепак, во тоа друштво не доминираше славен фудбалер, туку неговата сопруга Хелена Сегер, која со 46 години, после две породувања изгледа бомбастично.

Хелена го привлекува вниманието каде и да се појави. Таа е атрактивна русокоса, па многумина му завидуваат на фудбалерот.