vesti24.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Баварците започнаа со тестирања: Се наближува премиерата на Серија 8!

ECA

После концептните најави, Баварците многу побрзо од очекувањето тргнаа со реализација на најавата за оживувањето на легендарната „бројка“, односно модел.

На познатиот полигон и патека во Априлија, Италија, каде што светските производители често во тајност ги тестираат своите нови модели, блесна нов автомобил на Баварски БМВ. За целата ситуација да биде уште повозбудлива, Баварците се појавија на патеката со новата Серија 8.

Според најавите кои што најмногу ќе им се допаднат на љубителите на БМВ со подлабок џеб, најголемиот купе автомобил од гамата на германскиот производител ќе се најде во продажните салони веќе до крајот на оваа година.

Така барем најавија германските медиуми кои што веќе престижната Серија 8 на БМВ веднаш ја ставија во „рингот“ со најголемите ривали – Мерцедес “S Class Coupe”, но и со “Continental GT” на Бентли.

Што се однесува до перформансите на новата Серија 8 на БМВ, се шпекулира дека основниот модел ќе има најмалку 400 коњски сили.

Loading...

Related posts