vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Бебе почнало да се гуши, а неговата мајка била потполно немоќна (ВИДЕО)

ECA

Двајца полицајци од Флорида се прогласени за херои откако спасиле бебе кое се гушело со пилешко месо во еден трговски центар.

Надзорните камери го снимиле драматичниот момент кога мајката Ана Грејем видела дека нејзината ќерка Лусија започнала да се гуши. По само два залака, 14-месечното девојче поцрвенело и почнало многу загрижено да гледа во својата мајка.

Грејем веднаш ја зела од количката и почнала да ја удира по грбот, а кога видела дека тоа не помага, очајната мајка почнала да вика и да бара помош.

Во тој момент се појавиле полицајците Роберт Ајала и Рафаел Гвадалупе, а едниот од нив го ставил бебето на својата дланка и со другата започнал да го удира по грбот.

За среќа, тие успеале да ја спасат Лусија, а по лекарскиот преглед, девојчето дури сакало и да го доврши својот ручек.

Градскиот совет на Палм Бич Гарденс веќе ги наградил двајцата полицајци за помошта која тие ја пружиле, а полицаецот Ајала е веќе одликуван бидејќи во една прилика формирал човечки ланец со цел да спаси двајца пожарникари во текот на една спасувачка мисија.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts