ЖИВОТ ЗАБАВА

Бела Хадид потврди дека ќе ја носи и овогодинешната ревија на Викторија Сикрет

ECA

Една од најисчекуваните модни ревии во една година, дефинитивно е ревијата на Викторија Сикрет.

Да стане ангел на Викторија Сикрет е сон на секоја манекенка, но ретки се оние кои ги исполнуваат строгите барања на овој бренд. Бела Хадид очигледно ги исполнува, бидејќи ги носеше последните две ревии, а сега на својот Инстаграм профил потврди дека ќе ја носи и овогодинешната ревија.

„Подготовки за ревијата на Викторија Сикрет. Едвај чекам да ги видите сите прекрасни аутфити… Благодарна сум што повторно ќе бидам дел од оваа ревија и се чувствувам посреќно и поздраво од било кога“, напишала манекенката под колажот со фотографии, на кои позира во црна долна облека од овој бренд и високи чизми со зимски шари. Но, изгледа дека многумина не ѝ поверувале, бидејќи под фотографиите имало коментари на сметка на нејзиниот нездрав и преслаб изглед.

„Бела, те молам јади нешто“, „Не ми изгледаш баш здраво“, „Зарем вака треба да изгледаат ангелите на Викторија Сикрет?“, се само дел од коментарите на загрижените обожаватели, поради кои Бела го едитирала својот опис под колажот и додала:

„Секое тело е различно и различно реагира на вежбите и здравата исхрана“.

Loading...

Related posts