vesti24.mk
ЗАБАВА

Беше најзгодната во „Македонски Идол“, а денес се појави на „Макфест“ со половина гради надвор! (ФОТО)

ECA

На првата полуфинална вечер на фестивалот за забавна мелодија „Макфест 2017“, на сцената се претставија доста дебитанти, но и веќе познати имиња на домашната естрада.

Меѓу нив се најде и младата и шармантна пејачка Билјана Ѓошева која пред неколку години се натпреваруваше во домашното музичко шоу „Македонски Идол“.

Оттогаш Билјана не застана со музиката и продолжи како вокал во “Тумбао салса бенд“ на Петар Ренџов и редовно има полна агенда со настапи. Но, сега Биле реши да смени нешто во музичките потфати и заедно со некогашниот учесник во Идол, Дејан Јованов, Иванка и Стефан, настапија на „Макфест“ со песната „Мојот дом“ која се пласираше на четвртата позиција од сите 14 песни.

По тој повод таа на сцената доминираше во бел сензуален коктел фустан со ултра длабоко деколте од кое храбро ги откри градите.

Покрај Анабела Атијас која беше меѓу највпечатливите во поглед на изгледот, и нашата Биле не беше ништо помалку атрактивна и впечатлива со своите атрибути, кои покрај песната секако се важен дел од целосното сценско претставување.

До каде ќе дотуркаат во финалето вечерва, останува да видиме…

извор:курир.мк

Loading...

Related posts