vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Билјана Ванковска: Полицијата почнала да приведува поради ставови искажани во ФБ постови

ECA

Професорката од правниот факултет на универзитетот Кирил и Методиј, Билјана Ванковска, која е една од иницијаторките и потписници на „Отвореното писмо до политичките лидери на Република Македонија“, на својот фејсбук профил ги предупреди сите свои пријатели и следбеници дека полицијата почнала да приведува за ставови искажани на Фејсбук.

– Добив информација дека полицијата почнала да приведува поради ставови искажани во ФБ постови. Ова го кажувам не за да ве исплашам или за да замолчиме, туку само да бидете свесни и одговорни: ова е веќе далеку од забавно и смешно, а вашите фрустрации и гнев оставете си ги дома! Повиците за насилство не ги оправдувам во никаква форма изразени, а и сум ве опоменувала и бришела за непристојности или за повици на насилство или нетрпеливост. Се разбира, Тричковски нема да го повикаат, знаете и зошто. Треба да дискутираме овде, особено кога медиумскиот простор е или затворен или контролиран, но имам должност како некој кај кој голем број луѓе коментира, а мојот профил е следен од миг во миг, да ви кажам да водите сметка со што се соочуваме. Јас за себе сум свесна и одговорна и знам што кажувам, но некои од вас се можеби неуки или понаивни па мислат дека ФБ е царство на слободата на мислата – но, не е. Одејќи накај ЕУ, или заради влегување во НАТО, на добар пат сме да залутаме во Турција и некои други автократии каде луѓе се санкционираат за слободно искажана мисла. Не се лутам ни ако нема лајкови и слично  🙂 Знам дека сум читана. Тоа е најважно.

Добив информација дека полицијата почнала да приведува поради ставови искажани во ФБ постови. Ова го кажувам не за да ве…

Posted by Biljana Vankovska on Thursday, 22 February 2018

Loading...

Related posts