ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

БИОМЕТЕО НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ВРЕМЕТО НЕПОВОЛНО ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ГРАЃАНИТЕ

ECA

И покрај претежно стабилното, суво и сончево време со умерена локална облачност (повремено) сепак биометеоролошките услови и понатаму ќе бидат релативно неповолни.

Токму ова е поради големата разлика на минималните и на максималните температури на воздухот кој во следните денови минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени додека маскималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени додека овој викенд во југоисточните предели истите ќе се искачат дури до околу 35 степени.

Сето ова го прави времето неповолно да влијае кај граѓаните па така во следниот период поголем дел од граѓаните и тоа особено метеопатите ќе почувствуваат потешкоти како на пример тежина на главата и на телото како и повремена нервоза а можна е и поспаност.

Според моменталните анализи со кој располагме и во текот на следната недела ќе продолжи периодот на стабилно и суво време.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Loading...

Related posts