БИЗНИС

Благодарение на криптовалутата: Американскиот рапер 50 Cent случајно стана биткоин милионер

ECA

Познатиот рапер 50 Cent, благодарение на популарната криптовалута – биткоин, заработи дури 7 милиони долари.

Тој пред неколку години, додека повеќето не ни знаеја што се криптовалути, почнал да прифаќа уплати за својата музика во оваа дигитална валута.

50 Cent првобитно заборавил на тоа, додека неодамнешниот скок на вредноста на биткоинот не го потсетил на тоа, пишува “Mashable”.

Веста за неочекуваното богатство на раперот најпрвин ја објави “TMZ” во вторникот, кој напоменал дека 50 Cent започнал да прифаќа плаќање во биткоини по објавување на својот албум “Animal Ambition” во 2014 година.

Тогаш криптовалутата вредела околу 662 долари, така што луѓето можеле да го купат албумот за мал дел од биткоинот. “Animal Ambition” заработил околу 700 биткоини, што во 2014 година вределе околу 400 илјади долари, а по вртоглавиот раст, раперот моментално има околу 7,7 милиони долари.

50 Cent ја објавил веста на социјалната мрежа Инстаграм, со фотографија од статијата на “TMZ”.

“Не е лошо за дете од Јужната страна, горд сум на себеси”, напишал тој.

https://twitter.com/50cent/status/955908135922950144

 

Loading...

Related posts