vesti24.mk
ЗАБАВА

Божиќно видео: Постојат нешта кои можеш да ги разбереш само откако ќе станеш родител

ECA

Божиќната реклама на француската компанија за телекомуникациски услуги „Bouygues“, раскажува приказна за татко и син низ неколку децении. Видеото ќе ве разнежни и ќе ви докаже дека постојат нешта во животот кои не можеш да ги разбереш, сè додека и самиот не станеш родител.

Во видеото, таткото танцува секојпат кога ќе ја слушне песната „Come and Get Your Love” од Redbon, без разлика на локацијата, а детенцето го обожава овој ритуал. Како што изминуваат годините, детето прераснува во тинејџер и маж и се чувствува засрамен од танцот на неговиот татко.

На крајот од видеото, таткото добива повик од својот син, кој заедно со своето бебенце му посакува Среќен Божиќ и започнува да танцува на добропознатата мелодија.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts