vesti24.mk
ЖИВОТ

Брижит Бардо со порака до Холивуд: “Има многу глумици кои му се додворуваат на продуцентите за да добијат улоги, “силувањето е злосторство”, а “упорното флертување не е злосторство”

ECA

Холивудските глумици кои јавно признавале за сексуалното насилство се наречени “лицемерни, смешни и неважни” од страна на француската глумица Брижит Бардо. Исто така, таа ги искритикувала и оние кои што со додворување заработуваат филмски улоги. Поранешното лице на француската кинематографија, која има 83 години, во интервју за “Париз меч” рекла дека никогаш не била жртва на сексуално насилство.

“Ако ми велеа дека сум убава и дека имам убав, мал задник, тоа го сметав за шармантно. Таквиот вид на комплименти се пријатни”, оценила глумицата која важела за секс – симбол во педесетите години.

За сексуалното насилство во светот, Брижит рекла дека поголемиот дел од глумиците кои секојдневно ги тужат нивните колеги ги нарече “лицемерни, смешни и неважни” и додала дека нејзината проценка не се важи за сите жени.

“Има многу глумици кои му се додворуваат на продуцентите за да добијат улоги. Потоа, за да се зборува повеќе за нив, велат дека биле сексуално малтретирани. Всушност, си прават поголема штета отколку корист од тие приказни”, рекла глумицата која нема влакна на јазикот.

“Лист Монд” од неодамна испрати писмо до група на 100 жени во Франција кои сметаат дека по скандалот со американскиот продуцент Вајнштајн, кој е обвинет за сексуални престапи, феминизмот се појави како “омраза против мажите”.

Тоа писмо го потпишала и глумицата Катрин Данев, која потоа им се извинила на жртвите на сексуално насилство, но додала дека овој скандал отишол предалеку и дека мажите станале жртви на “медиумско линчување”.

Во писмото на кое се потпишале и новинарката Катрин Мија, глумицата Ингрид Каван и филозофката Пеги Састр, се наведува дека “силувањето е злосторство”, но “упорното флертување не е злосторство, додека машката галантност не мора да биде чин на агресија на мачо маж”.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts