ТРАВЕЛ

Четири работи кои треба да ги знаете ако патувате со деца

ECA

Семејните одмори се најубавите спомени од детството. Моменти кои со нетрпение се чекаат да дојдат. Секоја година – нова авантура. За време за подготовките се зборува кои се најубавите места за посета, каде да се смести семејството, кој друг бил таму, се собираат искуства и препораки. Но, пред да стигнете потребно е да  ги знаете следниве четири работи кои ќе ви го олеснат патувањето.

1. Одберете ја вистинската дестинација

Што сакате вие како семејство да правите? Има многу различни дестинации со интересни активности. Што и да одберете информирајте се дали има игралишта во близина, дали има во комплексот каде престојувате некој дел наменет за забава на децата. Испитајте ја околината, дали е пристапно за прошетки, каде можете да шетате со децата заедно.

2. Пакувајте се паметно

Да бидеме искрени, нема да ви треба цела облека што ја поседувате да ја спакувате. Ниту вашата, ниту на децата. Гледајте тие да имаат доволно облека за пресоблекување, да имаат јакни и џемпери, да имаат и лесна памучна облека за променливо време како и два пари чевли за нив. Задолжително проверете ги временските услови пред да почнете да се пакувате.

3.Ако патувате со авион

Информирајте се за авионските такси, тарифи, правила на компанијата што сте ја одбрале. Проверете кој е политиката за колички за бебиња, проверете како се плаќаат картите до која возрасна граница се плаќа половина, а од која цела карта. Видете колку е паркингот на аеродром ако таму го оставите автомобилот додека сте на одмор и задолжително проверете каков е транспортот од аеродромот каде што ќе слетате.

И не заборавајте да резервирате неколку месеци однапред, на тој начин ќе заштедите повеќе пари.

4.Ако патувате со автомобил

Семејните патувања со автомобил секогаш се многу забавни. Предноста на овој начин на патување е што можете попатно да застанете на повеќе места, да ги разгледате, па да продолжите понатаму. Можете да одморите кога сакате, да јадете каде сакате. Секогаш во автомобилот со вас носете дополнителна количина на храна и вода. При рака имате хартиени и влажни марамчиња, пластични чаши и кеси за отпадок. Снимете музика на ЦД за сечиј вкус во автомобилот и тргнете.Сите торби наместете ги во багажот за да имате повеќе простор за сите вас во автомобилот. Удобноста е многу важна кога се патува на подолга дестинација.

Ако веќе ги имате на ум овие работи, вие сте подготвени за патување.

Насмевка на лице и убав помин!

Извор: hybread.mk

Loading...

Related posts