БАЛКАН

Човекот за кого Вучиќ вели дека е господар на Косово: Се поврзува со ликвидации, трговија со луѓе, дрога…

Медиумите во регионот известуваа за Весели за кого се тврди дека е еден од првите луѓе на „Црна рака“, позната по бројните киднапирања и убиства од кои најмногу на Срби, но исто така и „непослушни“ Албанци.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ после убиството на Оливер Ивановиќ, изјави дека Кадри Весели е „вистинскиот господар на Косово“, а станува збор за актуелниот претседател на косовскиот парламент и лидерот на Демократската партија на Косово.

Весели е на таа позиција откако Хашим Тачи, инаку негов близок пријател, беше избран за претседател на Косово, пренесува српски „Блиц“. Весели порано беше на чело на разузнвачката служба „ШИК“ која што делуваше како дел од Ослободителната војска на Косово која е под истрага на Специјалниот суд.

„Ако Србија се обиде да го врати Косово, Албанците нема да сопрат се до Ниш“, порача Весели.

Покрај тоа, тој и Тачи се залагаат за укинување на одлуката за формирањето на Специјалниот суд. „ШИК“ престана со работа во 2008-ма година, а имињата на Весели како и на Тачи, во извештајот на Советот на Европа се споменуваа како вмешани во трговија со човечки органи за време на војната од 1989-та до 1999-та година.

Самиот Весели има изјавено дека нема ништо спорно во неговото учествување во таа разузнавачка агенција, а како пример дека сето тоа е во ред, ја наведе соработката на поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот со ЦИА.

Токму и поради тоа, неговиот избор за претседател на косовскиот парламент беше шок. Покрај тоа, тука е и коалицијата на партијата на Весели со Алијансата за иднина на Косово која што според многумина е „воена коалиција“.

Српските медиуми пренесуваат дека Весели е еден од челните луѓе на „Црна рака“, групата одговорна за бројни киднапирања и убиства, како на Срби, така и на непослушни Албанци Се споменува и неговото влијание на заштитените сведоци во хашките процеси од кои некои наводно и лично ги ликвидирал, пренесува „Блиц“. Неговото име е поврзано и со трговија со дрога.

Наводно бил член и на Албанската информативна агенција за која што рекол дека била создадена да се бори „против апартхајдот на српскиот режим кој што Албанците ги третирал како граѓани од втор ред“.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts