ЗАБАВА

Дали сте го забележале овој детаљ на принцот Хари откако е со Меган?

ECA

Откако и официјално стана вереничка на принцот Хари, светот полуде по стилот на Меган Маркл.

Штом зачекори во јавноста, сите сакаат да знаат што таа носи, а сè што ќе облече идната членка на кралското семејство, во моментот се распродава. Но, поради целата еуфорија околу Меган, никој речиси и не ги забележа големите промени и во стилот на нејзиниот вереник Хари.

Пред да ја сретне Меган, стилскиот потпис на принцот беа класичните, здодевни одела за сите формални појавувања, додека во слободното време најчесто беше забележуван во спортски јакни, карго панталони и шарени поло маички.

Но, откако во неговиот живот влезе актерката која има беспрекорен стил, таа очигледно поработела на стилот на Хари кој од ден во ден станува сè подобар.

Доколку го споредиме неговиот стајлинг со минатогодишните и игри “Invictus”, на кои тој и Меган за прв пат се појавија заедно во јавноста, и овогодишните игри, ќе забележиме дека неговиот стилски напредок е очигледен.

Меган и Хари се заедно нешто повеќе од една година, а нејзиното влијание е повеќе од видливо, па затоа сме сигурни дека неговиот стил со време ќе станува сè подобар и подобар.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts