vesti24.mk
ЖИВОТ

Дамата на која сите ѝ се восхитуваат, првата жена со хендикеп која позираше за Sports Illustrated

ECA

Професионалната сноубордерка Брена Хакаби, е првата жена со инвалидитет која гордо позираше за спортскиот магазин “Sports Illustrated”. Животната приказна за 22 годишната Брена ги заинтригира многу луѓе, а особено ги пофалија нејзините фотографии.

Имено, пред осум години ѝ бил дијагностициран малиген тумор поради што лекарите морале да ѝ ја ампутираат ногата. Во најтешкиот период од својот живот, а воедно и најубавиот – тинејџерството, Брена ја добила својата протетичка нога само месец дена откако направила операција и потоа се преселила во Солт Лејк Сити каде вежбала сноубординг.

Таа одлично се покажала во оваа дисциплина, па започнала да се натпреварува во 2013 година, а три години подоцна направила пауза поради бременост.

Освоила три златни медали, која и покрај дијагнозата за малиген тумор успеала да стане една успешна спортистка во својата област.

Нејзиниот моден едиторијал и интервју за познатиот магазин бил пропратен со одлични реакции, а Брена е многу горда за овој ангажман.

“Реакциите се многу позитивни и мотивирачки, а се надевав на тоа. Пред самото снимање си помислив: “Ова може да биде добро, но и лошо… Сакав ова да го одработам на правилен начин. Сакав на вистински начин да ги прикажам жените со било каков вид на хендикеп”.

Оваа храбра жена им даде совет на сите личности во светот кои имаат слична дијагноза и кои се плашат од животот со инвалидитет.

“Мој совет за жените како мене? Стекнете сопствена сила! Зарем само ќе седете и чекате инвалидитетот да Ви го управува животот? Не! Сетете се дека Вашето тело е алат кој управува со Вашиот мозок, а границите се тука за да се рушат”, порачаа спортистката.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts