ЗАБАВА ХОРОСКОП

Дневен хороскоп (02.02.2018) Петок

ECA

Овен (21.03 – 20.04)

Не можете многу лесно да го контролирате партнерот. Со сите сте во добри односи што ќе ви отвори повеќе врати. Во љубовта времето е ваш сојузник, затоа бидете трпеливи. Имате нагласена потреба да ја докажете својата страственост и своите способности.

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку ви е важен партнерот, повеќе разговарајте со него. На соработниците не им беа јасни вашите предлози, но ситуацијата се менува. Повеќе од сигурно е дека ќе заминете на пат со саканата личност. Кога е работата во прашање лесно ви оди да направите вистински баланс. Се стабилизира вашето здравје.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се обидувате да ги завршите сите обврски, но сето тоа бавно се реализира. Љубовната средба ќе ги исполни сите ваши очекувања. Поради семејството не сте во можност да се ангажирате колку што е потребно.

Рак (22.06 – 22.07)

Кажете му го на партнерот тоа што мислите. Доколку некој одбил да соработува со вас, денеска може да очекувате потврден одговор. Премногу фантазирате, затоа спуштете се на земја и чувајте го она што го имате. Финансиската ситуација е постабилна, а приливот на пари е сигурен.

Лав (23.07 – 22.08)

Потрудете се околу партнерот и покажете малку повеќе љубов. На полето на кариерата нема да се соочите со проблеми. Честите деловни патувања ќе ви донесат поголема заработка.

Девица (23.08 – 22.09)

Разочарани сте а не знаете зошто. Морате да го преиспитате сопственото однесување и да преземете дел од одговорноста. Денот е поволен за патувања и контакти со странство а лош за практични работи. Здравствените проблеми се последица на метаболизмот.

Вага (23.09 – 22.10)

Очигледно некој близок пријател ви го расипува расположението. Бидете внимателни и смирени бидејќи лошо ќе влијаете на партнерот. Морате да бидете дипломати па на прашањата да одговарате со прашање. Ќе бидете соочени со чудна ситуација.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ова е одличен ден да успеете во сите сфери. Врската ви влегува во мирни води а партнерот се труди на различни начини да ве убеди во чувствата. Немате причина да не му верувате. Опасност може да се јави ако претерате со трошење.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се држите до тоа што другите мислат за вас. Денот ќе го поминете трудејќи се да воспоставите добри духовни и ментални контакти. Некој се труди да ве победи но нема да успее. Смирете ги малку нервите и не ги напаѓајте веднаш луѓето околу вас.

Јарец (22.12 – 20.01)

Надминете го стравот во миговите кога ќе се соочите со непознатото, тргнете храбро кон предизвиците и воспоставете ја новата визија, без која мошне тешко ќе се извлечете од психофизичкиот лавиринт. Ѕвездите укажуваат дека поседувате квалитет за успешно спротивставување на ограничувањата.

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидејќи имате проблеми со контактите најдете некој кој ќе ве замени. Срамежливи сте и се трудите сами да си ги решите проблемите. Бидете внимателни со исхраната бидејќи може лошо да влијае на вашето здравје. Посветете му внимание на партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)

Денеска ќе имате голема причини за задоволство, зашто во претходниот период вложивте голема сила и енергија, така што конечно е дојдено вистинското време за предавање на успехот и на плодовите од преземените ангажмани. Затоа, ослободете се од вишокот на обврски, насочете се кон тоа што ве привлекува и радостите споделете ги со лицата на кои нешто им значите.

Loading...

Related posts