vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Дневен хороскоп (02.12.2017) Сабота

ECA

Овен (21.03 – 20.04)

Вашиот оптимизам и ентузијазам полека ќе се намалуваат. Нив ќе ги заменат нервозата и чувството на лутина. На работа бидете внимателни и избегнувајте конфликт со надредените. Во љубовта покажувате себичност. Што се однесува на здравјето, тоа ќе биде добро, а тоа е најважно.

Бик (21.04 – 21.05)

Нагласена ви е добрата финансиска ситуација која ветува резултати на тој план и поголема заработка. Меѓутоа, дали затоа што имате долгови или од некои други причини, би можело да се случи парите да ви отидат во туѓи раце. Лоша комуникација со партнерот. Нагласена ви е зголемена главоболка.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Би требало да бидете посебно внимателни кога станува збор за контакт со деловната околина. Ве очекува помош од пријателите или деловниот партнер. Можна е љубов со личност која е далеку. Здравствената ситуација е оптеретена со болки во вратниот дел од грбот.

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува сила и виталност. И покрај тоа вие ќе се чувствувате загрозено. Животниот партнер или партнерите во работата не ве разбираат. Ви се советува да бидете многу внимателни како на зборови, така и на дела, со цел да избегнете можни проблеми или дури и казна. Добра здравствена ситуација.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете во ситуација да изговорите нешто за што подоцна ќе жалите. Сепак, на крај се добро ќе заврши и ќе бидете добро расположени. На работа следат случувања поволни за вас. Потребна ви е поддршка од страна на партнерот. Нервозни сте и малку депресивни.

Девица (23.08 – 22.09)

Имате можност да ја обновите енергијата и да се покажете на работа токму онака како што знаете и умеете. Очекувајте пријатно да ве изненади партнерот. Обидете се што помалку да се напрегате.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува многу добар аспект. Со оглед на тоа што сте исклучително емотивни и длабоко го доживувате она што ви се случува, не е чудно што ве сметаат за поинакво лице. Со причина или не, вашите блиски лица ќе уживаат покрај вас. Проблеми со белите дробови, избегнувајте никотин.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе донесете некоја мудра одлука или ќе добиете важна информација која долго ја очекувате. Ќе почувствате зголемена потреба за љубов. Во вашиот случај емоциите се насочени кој старата љубов или некој поранешен партнер. Проблеми со кардиоваскуларниот систем и крвните садови.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе имате прилика на ваша кожа да почувствате како сончевите и дожливите денови се менуваат, односно како по дождот доаѓа сонце. Во сегментот на вашиот живот работите ќе се движат добро. Ќе посакате да ги подобрите условите во кои живеете. Полни сте со елан и добро се чувствувате.

Јарец (22.12 – 20.01)

Кариерата полека но сигурно ви се движи по нагорна линија. Ќе добиете некои пари кои можеби не сте ги очекувале. Односите во бракот ќе бидат лоши, а ако сте сами, време е за пронаоѓање на некој партнер. Односите со семејството ќе бидат нарушени. Можна е несоница.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат поволни аспекти така што ќе можете да се надевате и на поволни, односно позитивни случувања. Можно е да се преселите некаде. Ќе дојдете до расправија и конфликт со лицата кои ви се драги, но тоа е така само поради тоа што тие навистина се грижат за вас. Здравствената ситуација е добра, можни се мали стомачни проблеми.

Риби (20.02 – 20.03)

Бидете многу совесни во овој период доколку не сакате да имате проблеми со законот. Не влегувајте во било какви сомнителни работи, можат скапо да ве чинат. Можни се недоразбирања со блиската околина. Сепак, не е се така лошо, можно е прекрасно патување со саканото лице. Проблеми со забите.

Loading...

Related posts