ЗАБАВА ХОРОСКОП

Дневен хороскоп (12.01.2018) Петок

ECA

Овен (21.03 – 20.04)

Важно ви е да оставите голем впечаток на своите соработници, па затоа во голема мера ги прифаќате ризичните обврски. Во љубовта делувате вознемирени и имате многу барања. Контролирајте ја импулсивната страна на својата природа, пред да повредите нечии чувства.

Бик (21.04 – 21.05)

Очекувате поддршка од наредените а не се осудувате да го покажете тоа. Денешниот ден искористете го за важни разговори. Во љубовта желбата за промена е се поголема и сериозно размислувате за некој нов живот. Послушајте го срцето, нема да погрешите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес сте подготвени за предизвици. Ситуацијата на деловен план, без оглед колку во изминатата недела вe нервирала, оваа недела можно е да биде во целост поправена. Во љубовта ќе бидете отфрлени доколку давате лажни ветувања.

Рак (22.06 – 22.07)

Соработниците немаат доволно слух за новите идеи, а притисокот од ваша страна ви носи спротивен ефект. Трпеливо почекајте ги новите услови. Средбата со една личност е неизбежна и претставува добар повод за соочување со вистината. Во љубовта имате впечаток дека некои работи се случуваат позади вашиот грб.

Лав (23.07 – 22.08)

Потребно е добро да ги процените своите можности и да донесете сериозна одлука. Ќе увидите дека ништо не е случајно. Во љубовта рационално користете ја својата енергија и време. Планирајте емотивна средба или некоја возбудлива забава за двајца.

Девица (23.08 – 22.09)

Имате идеи и не се двоумите да ги искажете. Ќе бидете изненадени од позитивните критики од личност која на вас ви е важна. Во љубовта обидете се да внесете некои новини во секојдневниот живот. На добар пат сте целосно да се одалечите од партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)

Доволно сте умешни да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтните ситуации. Понекогаш треба да го исклучите разумот. Во љубовта слушајте се себе си и дозволете некои ваши чувства да испливаат на виделина.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Располагате со убедливи докази, но на некој соработник не му се допаѓа вистината да исплива на виделина. Затоа немојте да очекувате претерана поддршка во својата околина. Во љубовта ве погодува нечие однесување или изненадна одлука. Трудете се да останете присебни.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку ви е важно да пронајдете излез од некои комплицирани ситуации, употребете го мозокот и личното искуство. Важно е правилно да се дистанцирате од личноста, која има сомнителни намери и негативно влијание на вашето однесување. Во љубовта на средбата со саканото лице, нема потреба да смислувате нови или лажни изговори.

Јарец (22.12 – 20.01)

Се задржувате премногу околу една работа и не можете да се организирате никако. Оптеретени сте повеќе од вообичаено. Во љубовта ќе ви одговараат заедничните моменти со саканото лице и ќе бидете изненадени колку тоа позитивно делува на вас.

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес е можна добивка, па немојте однапред да се грижите бидејќи можно е да донесете погрешен заклучок. Расправиите нема да ви донесат никаква корист, имајте поголемо трпение. На љубовен план ќе имате преголем број на пребрзи мисли. Вашиот партнер очекува повеќе чувства.

Риби (20.02 – 20.03)

Некои стари контакти ќе се обидат да допрат до вас. Сакате конечно да ја видите вистинската состојба и исходот од сите ваши претходни напори. Во љубовта саканото лице ви е верно, но го губи трпението. Не ги слушајте советите од некоја Вага, особено не ако тие се однесуваат на љубовта.

Loading...

Related posts