Дневен хороскоп (12.02.2018) Понеделник

Овен (21.03 – 20.04)

Не ги гледате грешките кои од ден во ден ги повторувате. Атмосферата во вашиот дом станува прилично напната, бидејќи вие се поттикнувач на многу случувања. Не водете полемики околу парите. Можни се проблеми со бубрезите и уринарниот тракт.

Бик (21.04 – 21.05)

Инертни сте и не правите ништо за било што да промените. Доколку ги покажете вашите вистински квалитети, тоа ќе го забележи една многу важна личност. Во љубовта сте прилично недоверливи и повлечени во себе. Чувајте се од можни кавги. Потребно ви е повеќе движење.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не сте ни свесни за последиците кои ги носи вашиот товар на одговорност. Секоја работа која не е одраз на вашите вистински и внатрешни желби само ќе ве исцрпи. Мислите на лицето од вашето деловно опкружување. Можни се проблеми со респираторниот систем.

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекуваат позитивни деловни шанси. Чезнеете за љубов и признание, а тоа не умеете да го покажете онака како што треба. Ако сте слободни, на чекор од вас е љубов на прв поглед. Посветете си повеќе време на себе и своите потреби.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе имате потреба да разговарате со колегите и пријателите и ќе бидете интересно друштво. Ова е еден од оние релаксирани денови кога не размислувате за ништо и едноставно и се препуштате на судбината. Крајно време е да поведете сметка за здравјето.

Девица (23.08 – 22.09)

Насочени сте кон финансиите и целата енергија ја трошите на стабилизирање на семејниот буџет. Денес особено ќе бидете полни со интересни идеи. Најдобро е да ги запишувате затоа што ќе се менуваат со толкава брзина што нема да можете да запомните што прво сте помислиле.

Вага (23.09 – 22.10)

Партнерот ќе се однесува таинствено и не очекувајте помош од него. Финансиите никогаш не биле нешто што него го интересира и поради тоа ќе морате да се потпрете на самите себе. Доколку сте слободни, време е да се завртите околу себе и да и посветите внимание на личноста родена во огнен знак.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе се обидете да разговарате со некои пријатели за да сфатите колкав е вашиот удел во озборувањата коишто се шират околу вас. Можеби проблемот е во тоа што добро ви оди и во полето на работата и на полето на финансии, а тоа предизвикува завист. Ако сте слободни, денес е можна порака од една личност на која сте заборавиле.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се уште немате храброст да преземете некои конкретни чекори кои се однесуваат на финансиската ситуација и на односите во семејството. Ситуацијата на работното место стагнира веќе подолго време и тоа ве прави нервозни. Имате потреба да избегате некаде каде што ќе бидете далеку од очите на јавноста.

Јарец (22.12 – 20.01)

Колегите се однесуваат чудно и кај вас предизвикуваат променливи емоции. Како да прават нешто против вас. Можеби не е лошо да ги послушате озборувањата што се шират. Секогаш има многу вистина во нив. Заштитете ги очите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Непланираните трошоци одеднаш ќе избијат на виделина и ќе ви предизвикаат нервоза. Можеби е најдобро делот со финансиите да го препуштите на партнерот затоа што тој има логичен пристап и нема да ви дозволи да се заплеткате во бројки кои не ги разбирате.

Риби (20.02 – 20.03)

Семејството и домот се во центарот на вашето внимание. Се чувствувате убаво и имате потреба тоа да им го кажете на сите околу вас. Особено во прв план ќе ви бидат емоциите кон семејството и средувањето на меѓусебните односи. Здравјето ви е солидно.