ЗАБАВА ХОРОСКОП

Дневен хороскоп (17.02.2018) Сабота

ECA

Овен (21.03 – 20.04)

Имате потреба да се докажувате во сите деловни сфери, но и во приватниот живот, па затоа можноста за грешки е голема. Посветете им повеќе внимание на потребите на партнерот. Претерувате малку кога станува збор за грижата за здравјето, нема потреба да се оптеретувате.

Бик (21.04 – 21.05)

Не треба да се откажувате на средина од патот. Ризици секогаш има, но со јасна свест и одговорност преку пречките се поминува лесно, особено кога придобивките се поголеми. Запомнете дека не постојат целосно позитивни ситуации или луѓе. Сето тоа зависи од тоа како гледате на работите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Она кон што толку долго сте се стремеле, ќе ви биде послужено на послужавник. Толку лесно, што дури и ќе доживеете мало разочарување од фактот дека работите се реализираа толку лесно. Бидете коректни кон партнерот и споделете ги среќните моменти со него.

Рак (22.06 – 22.07)

Ви се укажува прилика да запознаете некоја личност која многу ќе ви помогне во работата. Некој кој ве цени сака да ви излезе во пресрет, а тоа е така бидејќи му се допаѓате и на приватен план. Вашиот шарм ќе дојде до полн израз, поради што добро ќе се чувствувате и ќе бидете задоволни од себе.

Лав (23.07 – 22.08)

Вашата работа трпи поради нејасните цели што ги имате. Во попладневните часови може да дојде до будење. Ќе сфатите дека е веќе минута до дванаесет и дека морате да делувате брзо ако сакате да се спасите од финансиски неуспех.

Девица (23.08 – 22.09)

Финансиите ви се подобруваат, но вие сепак, не сте задоволни. Како да имате потреба за нешто повеќе од тоа што ви се нуди. Се обидувате да дофатите некој замислен идеал и се чувствувате емотивно празни. Партнерските односи ви се напнати и ако барате вина за тоа, барајте ја кај себе.

Вага (23.09 – 22.10)

Во љубовта чувствувате мала напнатост. Она што сте го замислиле не ви се исполнува на начин како што сакате. Наидувате на ѕид и ситуацијата ви се чини нерешлива. Време е да го смените пристапот и да престанете да ја притискате личноста која ви се допаѓа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате зацртано јасна цел, но пречките на кои наидувате по малку ве обесхрабруваат. Партнерските односи се напнати и воопшто не се трудите да ги поправите. Мислите ви одат на друга страна, што може да го загрози партнерскиот однос.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Недостигот на финансии може да ви ги наруши односите со партнерот. Не губете го трпението, во текот на неделата се ќе си дојде на свое место. Ако сте слободни, денес може да ве вознемири порака од бившиот партнер. Размислете дали сакате повторно да ви се случуваат истите работи.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе почувствувате нервоза која ќе влијае и на пријателите, и тие ќе почнат да се повлекуваат. Не се навикнати да ве гледаат во такво светло и ќе решат да ве остават на мира за да се соземете. За среќа, таквите состојби кај вас траат кратко и брзо ќе се вратите во нормала.

Водолија (21.01 – 19.02)

Чувствувате голем револт во однос на претпоставениот, но вашата природа не ви дозволува да реагирате на соодветен начин. Парите кои ги очекувате се уште не доаѓаат, но сепак, се појавуваат некои шанси кои се знак дека на крај се ќе заврши добро. Партнерот се повеќе се дистанцира од вас.

Риби (20.02 – 20.03)

Бидете внимателни и не решавајте го проблемот со повишување на тонот. Обземени сте со себе и не забележувате што се случува со вас на работното место. Една помлада личност, на секаков начин се обидува да го привлече вашето внимание.

Loading...

Related posts