vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Додека народот му гладува, Мадуро се гости во луксузен ресторан

ECA

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, предизвикал бес кај својот народ поради снимките кои биле објавени на Инстаграм.

Имено, додека Венецуелците гладуваат, Мадуро бил снимен како јаде во луксузен ресторан во Турција. Тој во друштво на својата сопруга јадел во ресторанот “Нуср-Ет” кој е во сопственост на познатиот готвач Нусрет Гокче, познат под прекарот “Salt Bae”.

Гокче денес е сопственик на неколку ресторани на три континенти, а неговите парчиња месо се продаваат и по неколку стотици долари. Готвачот го угостил и Мадуро, но предоцна сфатил каков исход ќе има целата ситуација.

Снимките од социјалните мрежи набрзо биле отстранети, но народот на Венецуела веќе видел се’. На една од видеата се гледа како Нусрет на свој препознатлив начин го сече и посолува месото, а воодушевениот претседател ужива навален во столчето.

Во Венецуела дури 64 отсто од населението гладува, а луѓето поради недостиг од храна во просек изгубиле 11 килограми телесна тежина. Неухранетоста на децата е на рекордно ниво, а се проценува дека во 2015 година Венецуела ја напуштиле 2,3 милиони луѓе.

Опозициониот лидер Хулио Борхес, човекот кој побегна од земјата поради страв од апсење, напишал на Твитер:

“Додека поголемиот дел од нашите граѓани умираат од глад, Николас Мадуро и Силија Флорес одлично се забавуваат во еден од најскапите ресторани на светот. Секако, со парите кои ги украле од граѓаните на Венецуела”.

Сенаторот на Флорида, Марко Рубио, инаку голем критичар на Мадуро, го искритикувал и славниот турски готвач.

“Немам поим кој е тој чудак, но гледам дека е многу горд што го угостил дебелиот диктатор од нација каде 30 отсто од луѓето јадат еднаш дневно”, изјавил Рубио.

На националната телевизија, Николас признал дека јадел во луксузниот истанбулски ресторан и не покажувал грижа на совест.

“Нусрет не’ угости. Малку разговараме, малку јадевме и беше забавно”, рекол Мадуро.

Loading...

Related posts