Доктор Слаѓана Велков предупредува дека вакцините можат да бидат смртоносни

Доктор Слаѓана Велков е родена во Скопје, а израснала во Србија. Студирала медицина во Ниш и Скопје, каде што дипломирала. Работела и за Обединетите нации во Македонија, како лекар на општа пракса на Итното оделение во Врање и во Кувајт како лекар и менаџер за развој на медицината. Последните неколку години се занимава со бесплатно образование за лечење со правилна исхрана и начин на живот. Одржала преку стотина предавања, радио и ТВ гостувања во Саудиска Арабија, Индија, Србија, Македонија, Кувајт, Шпанија, Бугарија и Австралија.

Во продолжение ви ја пренесуваме потресната исповед на доктор Слаѓана Велков во целост:

„Додека работев како лекар во Кувајт забележав дека на пациентите на кои им препишав лек по неколку недели им се јавија симптоми кои беа наведени како негативно дејствување на тој лек. Кога ќе го добиеја лекот за тие нови симптоми, се појавуваа трети симптоми, кои беа последица на другиот лек. Што повеќе лекови користеа, толку пациентите беа поболни.

Се прашав дали начинот на лечење што го применуваме е навистина исправен и единствен? Дали некаде на тој пат медицината застранила и дали, наместо да лечиме, ние нанесуваме уште поголема штета на заболените луѓе? Набрзо откога мојата свекрва ја прими вакцината против грип се разболе и, за жал, почина по година дена од примената вакцина. Тогаш почнав со истражување на природните начини на лекување и дојдов до вчудовидувачки откритија. За мојата свекрва, за жал, беше предоцна, но тоа сознание комплетно ги промени моите сфаќања за медицината.

Ова едноставно и многу лесно применливо сознание на многу луѓе им помогнало да се излечат од многу, па дури и од таканаречените неизлечиви болести. Би ја споменала најпрво лажната епидемија на свински грип. Додека сите медиуми ја објавија веста за наводната пандемија, и  министерството купуваше огромен број вакцини со наши пари, благодарение на австралиската новинарка Џејн Бургермеистер дознавме дека во вакцината против свински грип во европските лаборатории е откриен вирус на птичји грип. Последиците од вакцинацијата со оваа вакцина се катастрофални. Има многубројни смртоносни случаи и тешки заболувања, поради што е подигнато и обвинение против Светската здравствена организација и другите кои биле вмешани во прокламирање  лажна пандемија.

Таа иста организација промовира и други вакцини. Дали и понатаму ќе веруваме некому кој се обидува да нè измами, нападне или убие? Одговорот е не. Довербата е изгубена!

Вакцините доведуваат до стерилизација и тешки заболувања.

Бил Гејтс јавно, без двоумење изјави дека со помош на вакцините ќе се намали бројот на луѓе за 15 проценти, па на таа основа може да се донесе заклучок дека во земјите каде што вакцината е обврзувачка ќе дојде до намалување на бројот на луѓе, стерилизација со вакцини, како и тешки заболувања вклучувајќи го и аутизмот.

Сè повеќе и повеќе мали деца страдаат од рак, дијабетес, ревматоиден артритис, улцеративен колитис, алергии, астма и многу други болести, а силната врска помеѓу вакцината и овие болести е уште поочигледна.

Фармацевтските компании ги интересираат исклучиво парите, а ќе се одречат од одговорноста.

Компаниите кои ги произведуваат вакцините не ги интересира здравјето на луѓето, туку исклучиво бизнисот. Но, за нас тоа не е бизнис, туку драгоценото здравје на нашите деца и затоа мораме да преземеме одговорност. Одговорноста за здравјето на нашите деца го имаме исклучиво ние, родителите, а не организациите, болниците и лекарите.

Вчудовидувачки е фактот дека произведувачот на вакцини се одрекува од одговорноста за сите можни последици на вакцината! Кога некое дете тешко ќе се разболи или ќе го изгуби животот, кого оштетените ќе го тужат, ако произведувачот се одрече од одговорноста?!  Кога ќе купиме некој фрижидер, кому ќе му се обратиме ако ни се расипе, ако немаме гаранција? Одговорноста на крајот е на лекарот кој ја дава вакцината и тој мора да потпише дека гарантира дека на детето нема да му се случи ништо лошо доколку ја прими вакцината.

Законот е на страната на пациентите

Според Уставот на Република Хрватска, точка 23, никој не смее да биде подложен на каков било  облик на злоупотреба или, без негова согласност, на медицински или научни тестови. Ние не знаеме дека вакцинацијата припаѓа на медицински експеримент бидејќи не постои клиничка студија со која се потврдуваат ефикасноста и безбедноста на вакцината.

Според тоа, присилувањето на вакцинацијата е противуставно. Исто така, противуставен е условот за вакцинација за запишување во училиште  или градинка.

Хрватска е потписничка на Меѓународната класификација на болести, ревизија 10, книга 1, член З 28, точка 0 и 1, во која пишува:

„Вакцинацијата може да се одбие не само поради здравствени причини туку и поради лично и верско уверување“.

Оваа книга е објавена од страна на Светската адравствена организација, а Република Хрватска е член на СЗО и ги прифатила обврските кои произлегуваат од тоа членство.