МАКЕДОНИЈА

Дошол дури од Србија за ресенски јаболка – дал 2.000 евра па ја сфатил измамата

ECA

Српски државјанин вчера во Полициската станица Ресен пријавил дека е измамен од ресенчанецот У.А, од кој требало да откупи јаболка.

Како што соопшти МВР, 40-годишниот В.Ш.од Ческовац, заедно со неговиот син дошол во Ресен каде се сретнал со ресенчанецот, по што заедно заминале за село Царев Двор, каде во магацинот на У.А. гледале јаболка за откуп, по што отишле во неговата канцеларија.

– Во канцеларијата У.А. им побарал 2.000 евра за да им спакува 20 тони јаболка за наредниот ден. Кога пријавителот забележал дека лицето не му понудило писмен договор, а немало ниту печат, туку се потпишал на обичен бел лист хартија, му рекол да му ги врати парите. У.А. му ветил дека ќе му ги врати на друга локација, но не се појавил. Тогаш В.Ш. сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полициска станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор:република.мк

Loading...

Related posts