vesti24.mk
ВЕСТИ ЦРНА ХРОНИКА

Драма во Македонија: Крвнички го претепал за 1000 денари

ECA

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против 29-годишниот Ѓ.М. од  селото  Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Тој околу 05.00 часот, откако ги потрошил парите во  казино во Гостивар, од 33-годишниот Б.И. од Гостивар побарал да му позајми 1000 денари.

Б.И. го одбил, по што настанала вербална расправија, по која Ѓ.М. на  Б.И. му задал  неколку удари со тупаници во пределот на главата и му нанел тешка телесна повреда.

Loading...

Related posts