ЦРНА ХРОНИКА

Драма во Велес: Четворица упаднале во неговиот дом додека спиел, го претепале и му се заканувале по живот

ECA

Вистинска драма се одвивала ноќеска 30 минути по полноќ во Велес, на ул.„Благој Страчковски“.

Додека З.А.(38) спиел во својот дом, насилно му влегле Е.Џ., С.Џ., А.Џ. и Р.В.

Најпрво Е.Џ. извадил нож и му се заканил дека ќе го убиел оштетениот, а веднаш потоа сторителите го нападнале и го удирале со раце и нозе и цепеници од дрва по целото тело.

Откако завршиле со нападот повторно му се заканиле дека ако пријави ќе го убијат.

Кога напаѓачите излегле од неговата куќа З.А. се јавил во полиција и се сокрил во куќата на неговиот татко и неговиот брат.

Напаѓачите повторно се вратиле и мислејќи дека оштетениот е се уште во куќата, започнале да ги кршат стаклата од прозорците и повторно се заканувале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Loading...

Related posts