vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ нема да гласа за влез на Алијансата во Владата

ECA
Нови бранови во морето на владејачката коалиција. По договорот меѓу Заев и Села, Алијансата да остане во Владата, пристигна најава од ДУИ дека нивните пратеници нема да го гласаат новиот предлог за министер за здравство доколку тој биде од партијата на Села.

„СДСМ има 49 плус два пратеника има Села, тоа се 51 пратеник. Без 10 пратеници на ДУИ немаат мнозинство. И да се додадат 5-те пратеници на Движењето Беса, пак нема мнозинство, освен во случај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за изборот на министер во владата на премиерот Зоран Заев“, велат од пратеничката група на ДУИ за СДК.

Од ДУИ се уште нема официјална потврда на оваа информација, но партиски извори не го кријат незадоволството од решението на Заев да ја продолжи соработката со Села.

Анимозитетот на релација ДУИ – АА се продлабочи пред вториот круг од локалните избори кога партијата на Села реши да оди во коалиција со опозициската БЕСА што резултираше со пораз на ДУИ во Гостивар и тесна трка во Чаир каде нивниот кандидат Ганиу победи по третиот круг.

ДУИ веднаш реагираше со најава дека ќе ги преиспита своите позиции како и учеството на АА во Владата.

Премиерот Заев пак бараше смиреност но за резерва направи договор со Тачи со што му ја одзеде одлучувачката улога на Села.

Loading...

Related posts