vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Двајца дилери на дрога осудени на смрт па веднаш погубени на игралиште пред 300 деца

ECA

На спортскиот терен во градот Хајкоу, двајца мажи биле осудени на смрт поради трговија со дрога, а изрекувањето на пресудата го гледале 300 деца. Како што пренесува британски “Sun”, погубени биле веднаш после тоа.

Владата организирала јавно судење на 26. јуни, на Меѓународниот ден на борбата против злоупотребата и шверцувањето на дрога.

39-годишниот Цај Личун бил осуден поради продажба на метамфетамини и мешавини од метамфетимини и кофеин. Цај ја добивал дрогата преку пошта, а ја продавал во септември и ноември 2015. година.

36-годишниот Хуанг Ченгје, кој е обвинет за продажба и пренесување на метамфетамини, исто така бил прогласен за виновен.

Пред стотина насобрани луѓе, судијката изјавила

“Прогласувам дека Дај Личун и Хуанг Ченгје ќе бидат одведени на стрелиште, каде казната ќе биде извршена со стрелање”.

Како што пренесува “Chinacourt.org”, одржани биле уште 17 јавни судења на трговци со дрога, од кои осум биле осудени на смртна казна или условна смртна казна. Видеото можете да го погледнете тука.

https://www.thesun.co.uk/news/6644102/china-death-sentence-death-row-meth/

Loading...

Related posts