ЦРНА ХРОНИКА

Две малолетнички од Тетово силувани од маж што го запознале преку „Азар“

ECA

Малолетничка од Тетово во присуство на нејзината мајка во придружба на дежурен јавен обвинител, психолог при Центарот за социјални работи на Тетово и адвокат, синоќа пријавила дека претходниот ден околу 15 часот заедно со нејзината другарка, исто така, малолетна разговарале со непознато машко лице преку програмата „Азар“. Непознатиот ги повикал да одат кај него дома, по што тие со такси возило отишле на договореното место односно во наслебата Мала Речица каде се сретнале сонего и се упатиле пеш до главниот пат за село Речица.

„За кратко време стигнале во неговата куќа, влегле во една од собите на катот каде непознатото лице по кусо време ја соблекло едната малолетничка и имал одредени полови дејствија кон неа, спротивно на нејзината волја, а подоцна го повторил истото и со другата малолетничка. Околу 18 часот истиот ден ги однел на кафе во кафетерија во близина на неговата куќа, по што повторно се вратиле во неговата куќа од каде што, искористувајќи згодна прилика, двете малолетнички побегнале и од неговиот мобилен телефон повикале такси возило со кое заминале во своите домови“, информира МВР.

Loading...

Related posts