ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија до Заев: Зошто си ги украл руските пари само за себе, требаше да си ги поделиме

ECA

Зоран Заев за време на протестите пред Собранието во јуни годинава јавно кажуваше дека во Македонија се финансираат партии и навивачки групи со руски пари преку рускиот бизнисмен со грчко потекло Иван Савидис.

Притоа, министерот во МВР Спасовски вети дека ќе го испита овој случја, но, до денешен ден целосен молк од МВР, велат од Единствена Македонија.

„Пред неколку дена излегоа информации дека токму Зоран Заев и луѓе од неговото опкружување во власта биле во блиски бизнис и други врски со рускиот бизнисмен Савидис.

Изразуваме големо жалење од лакомоста на Зоран Заев само за себе да ги приграби руските пари од Савидис кои биле наменети за финансирање на партии и навивачки групи во Македонија наместо да покаже коректност и да ги подели парите со Единствена Македонија, оти, нели, целокупната владеачка медиумска и експертска машинерија зборува во еден глас дека токму Единствена Македонија била финансирана со руски пари“ наведуваат од партијата.

Loading...

Related posts