ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Владата прави кривично дело со буџетското финансирање на кампањата за референдумот

ECA

Единствена Македонија и македонскиот народ се шокирани од информацијата дека Собранието и Владата ќе водат референдумска кампања со буџетски средства, се вели во соопштението на партијата на Јанко Бачев.

Оттаму додаваат и дека тврдењето на Владата оти ваквиот потег е во согласност со принципите на јавен интерес е целосна невистина.

„Јавен интерес според Уставот е дека Македонија може да членува во меѓународни организации, но, во Уставот не е запишано дека тоа мора да бидат НАТО или ЕУ туку било која од повеќето меѓународни организации кои постојат во светот“, се наведува во соопштението на партијата.

Додаваат и дека во моментов постојат два субјекта – Владата и Собранието со агитирање „за“ на референдумот и Кризниот штаб со 28 организации со кампања за бојкот на референдумот.

„Оттука, јавен интерес може да биде единствено, или јавната кампања и на двете страни да се финансира од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства“, велат од Единствена Македонија.

Во соопштението се наведува и дека партијата ја разбира нервозата кај, како што се вели, марионетската власт од фактот што народот масовно нема да излезе и ќе го бојкотира референдумот, но, според нив, ова не им дава за право на Собранието и Владата да го третираат буџетот како нивна приватна сопственост.

Loading...

Related posts