vesti24.mk
СПОРТ

ЕХВ ги објави термините: Немаме ни 20 часа одмор меѓу Чешка и Данска

ECA
Европската ракометна федерација ги објави термините во кои ќе се игра во втората фаза, на дуелите во Вараждин.

Натпреварот против Шпанија, во недела почнува во вечерниот термин, во 20:30 часот, а истиот термин го имаме и за натрпреварот против Чешка, во вторник (23 јануари).

Проблемот е токму тука, играме веднаш и наредниот ден и тоа против Данска. Тој меч е предвиден за 18:15 часот, што значи македонските ракометари нема да имаат ни 24 часа одмор меѓу тие два натпревара.

Македонија почнува како најдобра во групата во Вараждин, со три бода, пред Шпанија, Данска, Германија и Чешка со два и пред Словенија со еден. Првите две места во оваа група се пласираат во полуфинале, третото игра за петта позиција на вкупниот поредок на првенството.

Loading...

Related posts