vesti24.mk
АВТОМОБИЛИ

Електричен камион на Tesla за прв пат на улиците во Калифорнија (ВИДЕО)

ECA

Иако компанијата Tesla најави дека планира да го произведува својот Semi електричен камион дури во 2019 година, прототип од ова возила воочен е прв пат на улиците во Калифорнија.

Во кратко видео од седум секунди прикажан е црн Tesla Semi камион како поминува низ улиците во Калифорнија.

Видеото е поприлично кратко, но не и правецот кој го поминал новиот камион на Tesla.

Големите компании како Pepsi, Walmart и Anheuser-Busch веќе си порачаа Tesla електричен камион.

Стотици компании од Америка си го резервираа овој примерок, а во однос на тоа дека од почетокот на јануари може да се порача и во Европа, овој Semi камион би можел да го пронајде својот пат и до големите европски компании.

Верзијата Semi камион со домет од 483 километри, без потреба за дополнување на батериите чини 150.000 долари, додека верзијата со домет од 805 километри чини 180.000 долари.

Исто така, постои и Founders Series верзија, чија цена изнесува 200.000 долари.

Сопствениците на Semi камион имаат прилика возилото да го дополнуваат со таканаречен мегаполнач, кој во рок од 30 минути ќе го оспособи камионот за поминување на дополнителни 640 километри.

Директорот на Tesla, Елон Маск, тврди дека Semi камионите ја претставуваат иднината на товарниот сообраќај.

извор:кајгана.ком

Loading...

Related posts