vesti24.mk
СВЕТ

Ердоган: Ние ја признаваме Македонија под уставното име

ECA

„Тука не постои двоумење. Ние бевме првата земја која ја признавме под уставното име. Каде сме денес, таму и ќе се наоѓаме и понатаму. Турција никогаш немаше колеблив став во дипломатијата”, рече Ердоган.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за време на заедничката прес-кофнеренција со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во врска со спорот околу името помеѓу Грција и Македонија истакна: „Ние бевме првата земја која ја признавме под уставното име. Каде сме денес, таму и ќе се наоѓаме и понатаму“, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган и Иванов, по одржаната средба во претседателскиот комплекс во Акара, одржаа заедничка прес-конференција. Претседателот Ердоган изрази задоволство поради тоа што го пречекал претседателот Иванов и неговата делегација во Турција, и рече дека посетата на Иванов е значаен показател на долгогодишните врски и пријателските чувства на Турција и Македонија.

Ердоган нагласи дека разговарале за сите аспекти на односите меѓу двете земји, за потенцијалните можности за соработка, и дека реализирале меѓуделегациски средби.

Турскиот претсесдател рече дека ја потврдиле волјата за интензивирање на трговските односи меѓу двете земји на многу повисоки нивоа, како политичките и културните.

Ердоган истакна дека верува дека моменталниот билатерален трговски обем може да се зголеми уште повеќе со заеднички напори. Истакнувајќи дека во рамките на оваа цел, ќе продолжат со охрабрување на бизнисмените и давање потребна поддршка за бизнис светот, Ердоган изрази задоволство што Иванов за време на средбата ја изразил истата волја. Турскиот претседател Ердоган нагласи дека Турција посакува да се зголемат инвестициите во Македонија.

„Се надеваме дека во наредниот период уште повеќе турски компании ќе делуваат во Македонија, и ќе придонесат економијата на земјата да достигне уште подобро ниво“, рече тој.

– ФЕТО претставува закана за двете земји –

– „Почитуваниот претседател нагласи покажа дека Македонија е одлучна за зголемување на соработката околу борбата против тероризмот. Особено ФЕТО претставува закана за двете земји. Одлучни сме за искоренување на оваа организација од секое место во светот. Македонија е една земја каде ФЕТО има својата структура. Во овие рамки, навистина сакаме да ги видиме конкретните чекори кои Македонија ќе ги направи во насока на борба против ФЕТО. Денес мојот почитуван пријател јасно ги сподели со нас чекорите кои можат да се направат во оваа насока. Се надеваме дека со поддршката на нашите пријатели, ќе ја искорениме терористичката организација ФЕТО од Балканските простори“, истакна Ердоган.

Тој рече дека Турција одлучно и цврсто ја поддржува Република Македонија од денот на нејзината независност. „Овој наш став јасно го покажавме со тоа што бевме првата земја која Македонија ја признавме под уставното име и со националниот идентитет, и како прва земја која назначи амбасадор во Македонија“, додаде Ердоган. Турскиот претседател Ердоган нагласи дека зачувувањето на спокојството и мирот во Македонија која е огледало на Балканот, претставува многу значаен пример за регионот.

– Спорот со името помеѓу Македонија и Грција –

  Претседателот Ердоган се осврна на спорот околу името помеѓу Македонија и Грција.

„Се надеваме дека страните со взаемна волја ќе го надминат овој проблем. Во овие рамки, евро-интеграциите на Македонија имаат критична важност. Турција ќе продолжи со традиционалната поддршка околу ова прашање. Се надевам дека оваа посета на мојот ценет пријател ќе ги продлабочи сите наши билатерални односи, како и соработката во врска со овие прашања“, истакна Ердоган.

Претседателот Ердоган како одговор на поканата на неговиот македонски колега Иванов, рече дека доколку неговата програма биде соодветна, во мај ќе оствари возвратна посета на Македонија.

– „Ние ја признаваме Македонија под уставното име” – 

На новинарско прашање околу спорот со името помеѓу Македонија и Грција, околу тоа дали овој став Турција ќе го задржи и во иднина, Ердоган истакна: „Тука не постои двоумење. Ние бевме првата земја која ја признавме под уставното име. Каде сме денес, таму и ќе се наоѓаме и понатаму. Турција никогаш немаше колеблив став во дипломатијата. Ние кога донесуваме одлука, умираме, но не отстапуваме од тоа“.

извор:аа.ком.тр

Loading...

Related posts