vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Ердоган: Ние го носиме мирот и спречуваме крвави напади во Сирија

ECA

Турскиот претседател тврди дека благодарение на Турција е спречен крвав напад на режимот на Асад во сириската провинција Идлиб.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган одржа говор пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и во своето обраќање, тој ја искористи можноста за да упати низа на критики кон Советот за безбедност при Обединетите нации.

Според Ердоган, Советот за безбедност моментално постои само за да им ги остварува интереси на петте постојани земји членки со право на вето – САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија.

„Тие земји не прават ништо додека во другите делови од светот има репресија“, порача турскиот претседател кој веќе подолго време заговара реформа на структурата на Советот за безбедност при Обединетите нации под мотото „светот е повеќе од пет“.

Ердоган потсети дека Турција примила 4 милиони бегалци од кои 3,5 милиони бегалци од Сирија.

„Вкупниот износ кој што Турција го потроши само на бегалците од Сирија изнесува 32 милијарди долари. Од меѓународните организации ние добивме само 600 милиони долари и 1,7 милијарди евра од Европската унија“, изјави Ердоган.

Тој најави и зајакнување на турското делување во Сирија, а посебно го нагласи „елиминирањето на терористите“, веројатно притоа мислејќи на курдските “YPG” борци кои што доаѓаат од локалното курдско население и се борат против џихадистите на Исламската држава.

„Претворивме простор од 4 илјади квадратни километри во мирно и безбедно место за милиони Сиријци“, тврди Ердоган кој притоа ги осуди и „тие кои што ги поддржуваат терористите“, веројатно мислејќи на Американците кои што ги поддржуваат курдските сили на северот од Сирија.

Покрај тоа, Ердоган порача дека Турција спречила „крвав напад на режимот на Башар Ал Асад во провинцијата Идлиб“, преку договорот кој што бил постигнат со Русија.

Loading...

Related posts