vesti24.mk
СВЕТ

„ЕУ обзервер“: Вратите на ЕУ за Западен Балкан ќе се отворат во 2025 година

ECA

Порталот „ЕУ обзервер“ пишува дека Брисел планира вратите на ЕУ за земјите од Западен Балкан да се отворат во 2025 година повикувајќи се на предлог-документ што треба да биде усвоен на 14 февруари. Сепак, порталот наведува дека тоа ќе се случи под услов државите од регионот да ги решат меѓусебните несогласувања.

„Нашите партнери од Западен Балкан имаат историска шанса. Првпат во историјата перспективата на нивното пристапување има временска рамка, пишува во стратешкиот предлог-документ, иако со појаснување дека рокот се однесува на најдобрите сценарија. „ЕУ обзервер“ наведува дека спроведуањето на реформите и решенијата со соседите, придружени со силна политичка волја, може да значи дека Србија и Црна гора ќе бидат подготвени за членство до 2025 година, а Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово значително може да напредуваат на европскиот пат, како и дека преговорите за членство би требало да бидат во понапредна фаза.

Црна Гора и Србија веќе ги започнаа преговорите за членство, Македонија и Албанија очекуваат да ги почнат во текот на оваа година, а Босна и Херцеговина чека одобрување кандидатски статус.

Loading...

Related posts