vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Европската унија нуди по 6 илјади евра за секој примен мигрант: Италија одговори – чувајте ги вашите пари, ние нема да примаме мигранти

ECA

Италијанските власти кои што ги затворија своите пристаништа за прифаќање на мигранти од Медитеранот порачаа дека не ги сакаат парите на Брисел за отворање на пристаништата.

Европската комисија синоќа порача дека е подготвена да сноси дел од трошоците на земјите кои што ќе ги прифатат мигрантите кои што пристигнуваат во Европа преку Средоземното море.

До оваа понуда на официјален Брисел дојде откако новите Италијански власти одлучија дека повеќе нема да ги примаат бродовите кои што на италијанските пристаништа пристигнуваат со мигранти од северноафриканските земји се обидуваат да пристигнат преку Средоземното море на европско тло.

Понудата на Европската комисија е конкретна – од буџетот на Европската унија на земјите ќе им се дава по 6 илјади евра за секој мигрант кој што ќе го примат. Исто така, ќе бидат финансирани и стотици припадници на екипите кои што ќе работат на решавање на барањата за азилантите кои што примарно пристигнуваат од Африка.

Италијанскиот министер за внатрешни работи кој што е познат по своите анти-мигрантски ставови, Матео Салвини веднаш ја отфрли понудата на Европската комисија, истакнувајќи дека истата е премала и доаѓа веќе предоцна.

„Ние не бараме милосрдие. Секој азилант кој што влегува во Италија италијанските даночни обврзници ги чини од 40 до 50 илјади евра. Брисел нека си ги задржи парите. Не ни се потребни нивните пари, туку ние сакаме достоинство“, порача италијанскиот министер Матео Салвини.

Loading...

Related posts