vesti24.mk
СВЕТ

Финансиски измамници демнат на интернет: Цел им се ергени

ECA

Измамници со лажни профили демнат на интернет, а таргет група им се повозрасни сингл мажи, односно ергени.

Измамниците прават лажни профили на социјалните мрежи за запознавање и им нудат на луѓето обезбедување на нивните сметки. Иако, пораките што ги добиваат „жртвите“ се очигледно наивни и оставаат сомнеж, неколкумина веќе се излажале.

На профилите најчесто има фотографии од згодни жени, така што мажите полесно се залажуваат и мислат дека некоја девојка навистина сака да им помогне.

Тие им нудат логирање на „побезбеден сајт“, а со тоа што жртвите ги внесуваат своите податоци, хакерите им ги одземаат сите сметки, дури и трансакциите.

Неколкумина мажи кои забележале дека пораките се сомнителни аларамираат за овој тренд. Внимавајте, никаде да не ги оставате вашите лични податоци и податоците од транакциските сметки. Без разлика колку убава девојка го бара тоа од вас.

Досега, измамниците се појавија на Фејсбук и на Тиндер.

Loading...

Related posts