vesti24.mk
СВЕТ

Финското образование е едно од најдобрите во светот, а по оваа револуција ќе стане уште подобро

ECA

Во финските училишта и официјално започнува образовната револуција во облик на укинување на сите формални училишни предмети, со што оваа земја станува прва во светот која го воведува тоа.

Шефот на Канцеларијата за образование во Хелсинки, Марјо Килонен, изјавил дека постоечкиот начин на подучување на децата е втемелен на модел кој бил корисен за студентите и учениците на почетокот на 1900-те, но дека денес повеќе не е релевантен, ниту корисен.

Големите промени ќе вклучуваат отстранување на сите предмети од курикулумот, како што предложиле финските власти, а истите ќе бидат заменети со изучување на индивидуални настани и феномени.

Тоа значи дека учениците нема да имаат индивидуални часови по предмети како што се математика, географија и историја, туку наместо тоа ќе ги проучуваат настаните како Втората светска војна од перспектива на математика, географија и историја.

Предложена е дури и настава наречена “работа во кафуле” која кај учениците ќе развива вештини за комуницирање на англиски јазик и ќе го подобри знаењето од областа на економијата и комуникацијата.

Новиот систем е планиран да се примени на ученици кои наполниле 16 години и тоа веќе од 2020 година, што значи дека по завршување на иницијалното образование од широк спектар на предмети, тие сами ќе може да избираат кои специфичен настан или феномен сакаат да го проучуваат, базиран врз нивните интереси и идни перспективи.

Финскиот образовен систем исто така ќе потикнува колективна работа, што значи дека учениците ќе работат заедно во мали групи во кои ќе се водат дискусии наместо да седат поединечно во клупи, каде ги подучува еден учител.

Овој нов систем од сите наставници ќе бара да имаат широки погледи и да бидат прилагодливи кон системот на подучување, а околу 70 отсто од наставниците во Хелсинки веќе започнале со подготовки за новиот начин на подучување и како резултат на тоа ќе добијат поголеми плати.

Loading...

Related posts