АВТОМОБИЛИ

Формула 1 девојките гневни што феминистките им ја укинаа работата

ECA

Засилувањето на акцијата за пријавување на сексуално вознемирување или злоупотреби на работната средина стигна и до Формула 1, па така по притисокот кој го извршија феминистките тркачката федерација одлучи да ги укине девојките на патеките кои носеа атрактивни костуми и ги одбележуваа победите на своите тимови.

Главните аргументи на феминистките се дека жените на овој начин се понижувани, прикажани како објекти, принудени да носат „секси“ костуми во спорт кој е доминиран од страна на мажите со ширење на „мачо“ културата.

Сепак, откако многу девојки останаа без работа на социјалните мрежи се шири и нивниот дел од приказната. Девојките сведочат дека додека работеле со тимовите во Формула 1 биле почитувани од секого, добро платени и нивната работа имала големо значење за нив.

„Ја сакам мојата работа, почитувана сум, добро платена и гордо го претставувам својот тим. Не е ничие право, особено на „феминистките“ да ја осудуваат нашата работа кога искрено тие оставаат многу жени без работа. Каде е еднаквоста и добивањето моќ тука“ критикуваше Формула 1 девојката Луси Стоук.

Сега, тие остануваат без приходи и без работа и се гневни што феминистките извршија притисок без да ги знаат состојбите на терен.

Loading...

Related posts