vesti24.mk
СВЕТ

(ФОТО) Досега невидено со човечко око: Фотографии од црвената планета Марс

ECA

Европската вселенско летало околу Марс ја направи својата прва слика на површината на Црвената планета, и таа е неверојатна.

Пред неколку недели леталото се спушти на 400 километри над површината на планетата и благодарение на него сега гледаме уникатна фотографија, соопшти од space.com.

Фотографијата беше снимена на 15-ти април, додека орбиталната камера ги тестираше боите и звучните системи на својот фотоапарат, соопшти Европската вселенска агенција.

Камерата се очекува да ја започне својата вистинска работа овој викенд.

„Возбудени сме што конечно почнавме да собираме податоци од Марс со овој феноменален вселенски брод. Тестовите што ги видовме навистина го поставија очекувањето на високо ниво“, рече Хакан Свине од проектот „Trace Gas Orbiter“.

Апаратот е дел од програмата ExsoMars на Европската вселенска агенција, спроведувана со помош на Руската Федерална вселенска агенција.

Loading...

Related posts