vesti24.mk
ЗАБАВА

(ФОТО) Инспириран од љубовта: Михаил ја наслика Каролина?!

ECA
За свадбата на нашето македонско девојче и сликарот Михаил Корубин се крена голема прашина, а откако облакот спласна, младата брачна двојка повторно се врати во медиумска илегала и секако на работата.

Михаил на своите четки и бојата, а пак Каролина на песните и микрофонот.

Сега како тазе брачни партнери дополнително уживаат во љубовта еден кон друг, која очигледно ги инспирира. Имено, Михаил не толку често е активен на социјалните мрежи, но деновиве за промена, реши да го наполни својот профил со објави од своите нови уметнички дела, од кои забележавме доста слична слика на платно како онаа кога пред неколку месеци неговата сакана Каролина позираше со свртен грб, а со фокус на нејзината коса.

Фотографијата и уметничката слика доста потсетуваат една на друга, иако Михаил не откри дека е инспирирана токму од сопругата.

Loading...

Related posts