Популарната пејачка Рита Ора речиси постојано ги привлекува медиумите по нејзиниот разголен стил, но овој пат се случи спротивното.
Таа обично избира провокативни и разголени фустани, а овојпат се обложи на елегантен, чист и многу стилски фустан, во зелено.
На црвениот тепих на доделувањето на музичките награди „ECHO“ во Берлин, Рита изгледаше речиси совршено.
Познато е дека поппејачката многу често знае да прогреши во стилот, но овојпат признание и дадоа најголемите модни критичари.
Loading...