(ФОТО) Зошто вашите фотографии не се гламорузни на Инстаграм? Проблемот е во вас!

Животот на влијателните инстаграмџики ни изгледа гламурозно, но голем труд е вложен во нивните постови за финално да изгледаат совршено.

Една од повлијателните на оваа социјална мрежа е манекенката и модел Кортни Халверсон.

Таа вели дека се случува да направи и по 200 фотографии додека да одлучи да ја објави онаа совршената на која ќе задржи поголемо внимание од страна на нејзините следбеници.

Кајла Шорт која исто така на оваа социјална мрежа е меѓу најактивните и со најмногу следбеници вели дека до процесот на објавување на фотографијата има серија на активности.

Прво наоѓање на локација на која ќе се фотографира, потоа позирање, правење селфиња и на крај селектирање на најдобрите фотографии.

Шорт вели дека прави минимум по 50 фотографии додека да ја погоди вистинската.

Доколку се прашувате зошто вашите фотографии не изгледаат како нивните, можеби треба да ги послушате нивнте совети, но секако и да имате доволно еморија во вашите паметни телефони.

Loading...