Германец одлучил да купи цело село, а потоа зажалил: Откако го виде ова, одлучи да се откаже

Германецот кој што одлучил да го купи целото село Алвине во источната германска покраина Брандебург за 140 илјади евра, сега сака да се повлече од договорот.

Анонимен купувач во декември минатата година на аукција го купил целото село во кое што има 12 куќи, неколку штали и гаражи за 140 илјади евра. Но, сега локалните медиуми пренесуваат дека тој сака да се откаже од договорот, тврдејќи дека не бил „законски способен“ кога преку телефон испратил понуда која што победила на аукцијата.

Андреас Клаус, градоначалник на регионот во кој што спаѓа селото Алвине изјавил дека веќе знаел што би можело да се случи такво нешто, а ненадејната промена на мислењето на купувачот е нешто што може да го разбере.

Градоначалникот открил дека се сретнал со купувачот во самото село. Локалните медиуми откриваат дека купувачот бил изненаден кога видел во каква состојба се градбите во селото кои што биле пред распаѓање, а целата ситуација дополнително се влошила откако селото неодамна било погодено од силна бура.

„Мислам дека откако го виде селото, тој веднаш одлули да се откаже од купувањето“, изјавил градоначалникот Клаус.

Матијас Кнаке, претседател на аукциската куќа „Кархаусен“ потврдил за локалните германски медиуми дека моментално има правен спор. Според него, аргументот со кој што купувачот сака да се повлече е „многу слаб“.

Додека правниот спор продолжува, селото останува во рацете на моменталниот сопственик кој што го купил селото во 2001-ва година за симболична една поранешна германска марка. Во куќите моментално живееле 15 луѓе, во најголемиот дел пензионери. Тие сега мора да почекаат и да видат што ќе се случи со нивното село и дали новиот сопственик ќе го реновира.