vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Германски “Die Welt”: Никој нема да ризикува војна со Русија! НАТО само ќе ја потапка Украина по рамо

ECA

Во најновата ескалација на судирите меѓу Украина и Русија, Киев вовел воена состојба во десет региони кои се граничат со Русија и бара воена помош од НАТО пактот.

Германскиот канал “Die Welt” по овој повод тврди дека Русија нема да започне никаква голема воена офанзива против Украина, а нагласува и дека Киев не би требало да очекува сериозна помош од НАТО.

Северноатлантскиот сојуз, како што објаснил нивниот дописник од Москва, ќе ја брани Украина само со топли зборови и ќе зборува за санкции против Русија, но тие ќе бидат наметнати само ако Москва се одлучи за голема воена офанзива.

Можноста да избие војна, сепак е мала, истакнуваат.

“Путин знае дека цената за тоа би била превисока. Ако Русите ја нападнат Украина, тоа би го поттикнало Западот да наметне лавина санкции, кои, веројатно, би ја фрлиле Русија на колена. И Владимир Путин, по мое мислење, нема да го ризикува тоа. Секако, не би те требало да се заборави дека од 2014-та дефакто постои војна меѓу Русија и Украина. Меѓутоа, оваа војна територијално е ограничена на истокот на земјата”, објаснил нивниот дописник.

Тој понатаму објаснил дека Украина може многу малку да очекува од НАТO, со исклучок на топли зборови, со оглед на тоа дека во Алијансата никој нема да се согласи да ризикува воен судир со Русија поради Украина.

“НАТО, секако, ќе воведе санкции против Русија, но доколку таа речи да започне голема офанзива”, заклучил германскиот канал.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts