vesti24.mk
ЖИВОТ

Гола до кожа: Манекенката докажа зошто е на самиот врв

ECA

Манекенката која е дел од кланот Кардашијан/Џенер, Кендал Џенер објави навистина предизвикувачко атрактивни фотографии. На нејзиниот Инстаграм профил осамнаа фотографии каде позира “до гола кожа”.

22 годишната манекенка Кендал повремено знае да ги изненади своите фанови објавувајќи провокативни фотографии, а овој пат отиде малку подалеку. Со вкрстени раце и нозе успеа да ги прикрие интимните делови, а Кендал заводливо позираше пред објективот на фотографката.

Фотографиите беа снимени во црно бела техника и со овие фотографии докажува зошто таа е една од најплатените и најбараните модели на денешницата.

Фотографиите на убавицата се снимаа во природа, а на нив се потпишува Саша Самсонова, која е исто така една од најзначајните фотографки на светот која оваа фотосесија ја направи во комплетно уметнички манир и без провокации.

Loading...

Related posts