vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ РЕСЕН – ГРАДОТ ПОБЕЛЕ! (ФОТО)

ECA

Попладнево Ресенскиот регион го зафати страшно невреме кое беше проследени со интензивни врнежи од дожд и од град, засилен ветер и електрични празнења.

Интензивните врнежи од град за кратко време успеаа да го побелат градот и истиот наликуваше како да се наоѓа во среде зима.

Градот со големина на орев направи големи штети врз земјоделските култури особено врз јаболката.

Нестабилната воздушна маса и градоносните облаци се спуштија од север и го зафатија Пелагонискиот регион но најмногу Ресенскиот регион.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Loading...

Related posts